Нема информации дека Хамас блокирале или конфискувале помош, изјави официјален претставник на САД

– Американскиот официјален пратеник Дејвид Сатерфилд денеска изјави дека меѓу 800.000 и еден милион луѓе се преселиле во јужниот дел на Појасот Газа, а меѓу 350.000 и 400.000 се уште се во северниот дел на енклавата.

Тој во јорданскиот главен град Аман изјави дека нема пријавени случаи на блокирање или конфискација на помош од Хамас.

„Горивото во складиштето во Газа го користи Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци за камиони со помош, десалинизација на вода и болници во јужна Газа“, истакна Сатерфилд.