„Нема ништо потешко на светот од загубата на дете, тоа е неподносливо чувство на бесмисленост“: Српски психолог за најголемата болка која човек може да ја доживее

Тага која не се опишува со зборови. Потрагата по девојчето Данка Илиќ заврши на најтрагичен начин. Девојчето е убиено, а полицијата уапсила двајца мажи кои се осомничени дека го извршиле ова монструозно злосторство.

Нема поголема тага и болка од загубата на дете. Каде да се пронајдат утешни зборови и како да се избори човек со таква трагедија?

Да потсетиме, Данка Илиќ исчезна на 26 март во близина на Бањско Поље во Бор и тогаш започнала потрагата по неа.

Распишана беше потерница од Интерпол, а поради исчезнувањето на девојчето, во Србија за првпат е активиран системот „Најди ме“.

„Во текот на нашиот живот луѓето секојдневно изложени на различни ситуации. Сè што ни се случува нема подеднаква тежина. Некои настани поминуваат речиси незабележано, на некои реагираме со помал интензитет и реакциите се краткотрајни. Не влијаат значајно на нашиот живот и не предизвикуваат значителни емотивни реакции. Поголемите животни настани, дури и кога се позитивни, оставаат длабока трага. Количината на стрес што ја предизвикува извесна животна промена е пропорционална на степенот на приспособување кој се бара од нас. Смртта на дете, дури и само помислата на таква трагедија, предизвикува таква состојба на непријатност која се граничи со ужас“, зборувала психологот Татјана Даничиќ и додала:

„Смртта на детето создава речиси неподносливо чувство на бесмисленост. Родителите ги измачуваат безброј прашања на кои не умеат да добијат одговори. Исто така, околностите во кои настапила смртта на детето можат да го отежнат процесот на жалост.“

За жал, животот постојано некои луѓе ги соочува си најтешки настани.

„Многу загуби за кратко време предизвикуваат акумулација на стрес. Секоја нова загуба носи ситуација на која мора да се адаптираме. Последиците врз животот на родителот кој мора да ја преживее смртта на своите деца се несогледливи“, вели психологот.

„Доколку некој од вашето семејство или соседството доживеал ваква трагедија, имајте го на ум следниот совет од стручњаците: „Важно е родителите кои изгубиле дете да не ја кријат својата состојба. Да си дадат можност да тагуваат, да побараат утеха на начин кој во тој момент им се чини прифатлив, без разлика дали се работи за осврнување кон духовноста, потребата да се биде опкружен со луѓе или потребата одредено време да се биде сам. “