„Нема потерница по мене, тоа е измама!” Милош Биковиќ повторно вмешан во афера: актерот итно се огласи, го кажа само ова (ФОТО)

Милош Биковиќ деновиве се најде во непријатна ситуација кога на социјалните мрежи се појави информација дека по него е распишана потерница!

Оваа лажна вест беше придружена со фотографија на која Милош е со лисици, додека припадниците на интервентната единица го држат одзади.

– Итно! Распишана потерница за Милош Биковиќ – пишуваше на оваа вест.

Оваа невкусна шега стигнала и до самиот актер, кој бил принуден да реагира на оваа лажна информација, па ги известил своите следбеници на својот Твитер профил дека се работи за измама.

– Не наседнувајте, ова е измама. Уште една лага се шири. Бидете внимателни и предупредувајте ги другите – рече Биковиќ.

Да потсетиме, Милош неодамна се најде во центарот на голема афера. Во медиумите се појави вест дека поранешниот затвореник и учесник во реално шоу, Кристијан Голубовиќ, снимил видео за новата песна на хип-хоп групата Црни Церак во училница во едно белградско основно училиште и дека сè е направено по барање на актерката Срна Ланго и во име на продукциската куќа со која раководи Биковиќ.

– Ниту Срна Ланго работи за нашата продукција, ниту ја претставува на било кој начин, ниту пак нашата продукција работи на ова видео. Ова е целосна глупост. На секои седум дена сум дел од некоја афера… Кому му пречам? напиша тогаш Милош на својот Твитер профил.