Нема универзален лек за мигрената, но со овие пет работи можете да ја намалете непријатната болка во главата – многумина не знаат!
Погледнете некои од лековите кои можат да ви помогнат да се ослободите од мигрената!
Главоболките воопшто не се пријатни и знаат да ви го уништат денот уште пред да започне. Болката во пределот на слепоочниците, задниот дел од главата или некои други делови од главата може да биде неподнослива, непријатна и силна.
За разлика од главоболките, мигрените се различни и предизвикуваат вистинска болка за многумина – тие се многу поинтензивни и почесто се јавуваат кај жените. За намалување на интензивните мигрени, постојат многу лекови за кои најдобро би било да се консултирате со вашиот доктор, како и совети и терапии. Еве некои од нив:
Пред сè, начинот на живот, што јадете, колку спиете или вежбате влијае на различни здравствени состојби, вклучувајќи ја и појавата на главоболки и мигрена.
Експертите советуваат дека кога ќе почувствувате мачни главоболки или мигрена, прво треба добро да спиете и повеќе да се одморите. Затемнета и оладена просторија во топлите денови, како и тишината, можат да ја ублажат болката, советува неврологот д-р. Лорен Нетбони. Една студија дури покажала дека мигрената е почеста кај луѓето кои немаат редовен и квалитетен сон. Како што истакнува неврологот, дремката, дури и кратка, може да помогне да се намали болката.
На второ место е хидратацијата. Кога сме дехидрирани, мозочното ткиво може да ја промени големината што предизвикува малку одвојување од черепот, притискајќи ги нервите и предизвикувајќи болка. Митот кој кружи со години е дека препорачаната доза од осум чаши вода е потребна за нормално функционирање на организмот.
Магнезиумот игра клучна улога во функцијата на мускулите и нервите и може исто така да ја прекине активноста на мозокот што предизвикува мигрена, додава д-р. Лорен Нетбони. Некои истражувања сугерираат дека премалку магнезиум во исхраната може да ја влоши мигрената и дека земањето на овој додаток кога ќе се појави напад може да помогне да се запрат симптомите.
Едно истражување покажало дека на осум од 10 луѓе им се намалиле главоболките со само еден третман со масажа, а повеќето почувствувале речиси моментално олеснување. Местата третирани со масажа се исто така важни. Истражувањето за главоболка сугерира дека дури и масажата на стапалата, рацете и ушите може да помогне во ублажување на болката од мигрена.
Ако некогаш сте ставиле мраз или ладна облога на повреда, знаете како тие влијаат и ја намалуваат болката. Ист е случајот со главоболките и мигрените. Патем, ладната терапија се користи за лекување на мигрена повеќе од 100 години, но постојат неколку научни студии кои сугерираат зошто може да помогне во ублажување на болката кај некои луѓе. Одредени теории сугерираат дека терапијата со ладно пакување може да помогне во стеснување на крвните садови или да ги забави нервните сигнали кои предизвикуваат мигрена.