НЕМА ШТО НЕ КОРЕГИРАЛА НА СЕБЕ! Сузана Манчиќ отишла на затегнување на кожата: Сакам да бидам ДОБРА ЦИЦА МАЦА!

Сузана Манчиќ важи за една од најнегуваните дами на јавната сцена, а иако е во седмата деценија, тоа не ја спречува да изгледа помладо од многу девојки.

Водителката многу се грижи за својот изглед, а сега реши да ги затегне рацете.

Сузана се подложи на третман за затегнување на кожата на рацете, бидејќи многу и пречи кога висат.

Сузана Манчиќ

– Да ви кажам искрено, не сакам да вежбам, ниту пак одам во теретана. Обожавам третмани за обликување на телото и сакам многу да пробувам. Денес правев затегнување на рацете, затоа што проблемот е кога ќе облечеш фустан или маица што ги открива рацете, а тие се опуштени, веднаш почнуваат критиките, затоа што сум ги навикнала луѓето секогаш да бидам во топ форма, а тоа е зошто не бегам од третмани за да бидам добра цица маца – низ смеа рекла Сузана.

Инаку, водителката никогаш не криела што корегирала на своето тело, но грижата и е многу важна.

Признала и дека ги оперирала градите, дека го затегнала лицето со златни конци, но и дека отишла на вагинално подмладување бидејќи сакала да им објасни на жените колку некои работи се важни за здравјето.