Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека за поразот на Хамас во Појасот Газа ќе биде потребно време.
Тој истакна дека целта на воената акција е да се елиминира палестинското движење и да се искоренат сите закани за Израел.
Премиерот ги предупреди либанската шиитска организација Хезболах и Иран дека земјата веднаш ќе реагира доколку има какви било напади врз Израел.
„Не тестирајте нè на север. Цената што ќе ја платите ќе биде многу висока. Ви го кажувам на хебрејски тоа што претседателот на САД ви го кажа на англиски: Не правете го тоа“, порача денес премиерот на Израел.