Ненадејно се отворила огромна дупка и пропаднал автомобил и дел од паркинг: Камерите ја снимија страшната сцена
Застрашувачката снимка е снимена на 27-ми февруари во трговскиот кварт Хсинчу, Тајван .
Надзорна камера го „улови“ моментот кога наеднаш се отвори огромна дупка која проголта автомобил и дел од паркингот!
Истрагата од властите е во тек
Веднаш беше организирана истрага, а властите објавија дека платформата наводно била изградена незаконски, заради дополнителен паркинг простор, и поддржана од челични греди, пишува Yahoo.News.
Што го предизвикало колапсот се уште не е утврдено, но за среќа нема повредени.