(Не)обични ароматични шпагети по рецепт на Џејми Оливер: Откако ќе ги пробате, ќе ви станат омилени (РЕЦЕПТ)

Речиси и да нема некој што не сака шпагети, а најдоброто нешто во врска со нив е што има многу варијации на истиот рецепт, па можете да го прилагодите секој по свој вкус.

Денеска ви го пренесуваме рецептот на Џејми Оливер за класични шпагети со сос од домати, кој иако е едноставен, има прекрасна арома која ќе ве освои уште на првиот залак.

За да подготвите класични шпагети во сос од домати, потребни ви се следниве состојки:

  • 2 чешниња лук
  • 1 свежо чили, по можност црвено
  • 1 китка свеж босилек, околу 30 грама
  • 300 грама шпагети
  • 400 мл мелени домати, или подобро сок од домати
  • 80 грама пармезан сирење

Подготовка

 

  1. Излупете го лукот и ситно исечкајте го чилито (прво преполовете го и извадете ги семките ако не сакате сосот да биде премногу лут).
  2. Извадете ги стеблата од листовите босилек и ситно исечкајте ги.
  3. Гответе шпагети во големо тенџере со зовриена солена вода според упатствата на пакувањето.
  4. Во меѓувреме, ставете големо тавче на средна топлина и додадете 2 лажици масло. Додадете ги лукот, чили и босилек и измешајте.
  5. Кога лукот ќе почне малку да зарумени, додадете ги повеќето листови од босилек и измешајте ги доматите . Зголемете ја топлината и мешајте 1 минута. Вкусете и зачинете со морска сол и црн пипер доколку е потребно.
  6. Исцедете ги шпагетите, резервирајќи една шолја од водата за готвење, а потоа префрлете ги во тавчето и добро измешајте. Додадете малку вода за готвење за тестенините, доколку е потребно, па вкусете и зачинете до совршенство.
  7. Поделете ги тестенините во чинии или ставете ги на маса во голем сад за сервирање и оставете секој да си се поскужи.
  8. Останатите листови босилек грубо исечкајте ги и изрендајте го пармезанот.

На здравје!