Неочекувана вест за Хари и Меган: Двојката чека уште едно дете

Информацијата дека принцот Хари и неговата сопруга чекаат уште едно дете, а Меган Маркл е бремена по трет пат, ја преплави светската јавност, а како што пренесуваат некои медиуми, оваа убава вест ќе ја споделат дури кога војвотката од Сасекс ќе влезе во втор триместар, пренесува Строј.

Двојката веќе има две деца, синот Арчи и ќерката Лилибет, а според „Thenews“, иако третото дете не било дел од нивниот план, биле многу среќни кога ја дознале веста.

Ист е случајот со многумина кои ги обожаваат и поддржуваат, а бидејќи ниту еден од членовите на семејството се уште не проговорил на оваа тема, сите со нетрпение чекаат Меган Маркл да ја потврди оваа се уште неофицијална информација.

„Кога виделе дека тестот е позитивен, Меган и Хари беа во неверување. За нив е природно да имаат уште едно дете, но не го планирале тоа“, вели неименуван извор, цитиран од Пакобсервер.