(НЕ)ОЧЕКУВАН ПРИЕМ – Русите ги пречекуваат Вагнерците како ослободители: Бесплатна храна и прегратки за борците
Платениците на групата Вагнер не наидоа на отпор од локалното население во нивниот марш кон Москва, напротив, многумина ги пречекаа со раширени раце, давајќи им бесплатна храна и вода.
Водачот на оваа платеничка група Евгениј Пригожин го коментираше „топлиот пречек“ за Вагнер.
„Попатно не убивме ниту еден човек. Влеговме во Ростов. Без да испукаме ниту еден куршум, ја презедовме зградата на штабот во Ростов. Никому не сме се мешале во работата. На улица стојат луѓе со ПВЦ Знамиња (Вагнер) Во продавниците за храна на нашите момци им се нуди да не плаќаат за тоа што го купиле“, рече Пригожин.
На едно од видеата, руски цивили во Ростов почнаа да им носат храна и вода на војниците на групата Вагнер стационирани во нивниот град.
Потсетуваме дека во раните утрински часови група вагнерски платеници под водство на Пригожин започна вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов на Дон.
Рускиот претседател Владимир Путин најави жестока одмазда против сите оние кои се одлучија за воен бунт. Од друга страна, Вагнерците најавија дека Русија наскоро ќе има нов претседател.