РАМО ДО РАМО СО ПУТИН! Минск бил и останува сојузник на Русија, а овие зборови го откриваат мотивот на вооружениот бунт?

Се огласи Советот за безбедност на Белорусија

Белорускиот совет за безбедност денеска соопшти дека Минск бил и останува сојузник на Русија, како и дека целосно ги поддржува целите на „специјалната операција“ во Украина.

– Секој внатрешен конфликт во воените и политичките кругови и граѓанското општество е подарок за колективниот Запад – соопштија од Советот за безбедност на Белорусија, пренесува РИА.

Претходно паравоената група „Вагнер“ објави дека го освоила штабот на Јужниот воен округ во Ростов на Дон.

Во петокот, руската Федерална служба за безбедност отвори постапка за наводен бунт против шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој ги покани рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот генерал Валериј Герасимов да дојдат во Ростов на Дон на средба со него, и се закани дека во спротивно „одат во Москва“.