Непоправлив хендикеп за Барселона: Еден од најдобрите играчи на Каталонците пропушта клучен дел од сезоната

Барселона ќе биде ослабена во клучниот дел од сезоната поради отсуството на еден од најдобрите фудбалери Роберто Левандовски кој се повреди на натпреварот против Селта Виго.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Полјакот ќе отсуствува до три недели, што значи дека речиси сигурно ќе ги пропушти двете полуфиналиња во Лигата на шампионите против Интер и финалето од Купот на Кралот против Реал Мадрид.

Да потсетиме, Барселона на 26 април ќе игра против Реал Мадрид во финалето на Купот, а потоа ќе ги одмери силите со Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Извесно е дека неговото отсуство ќе биде голем хендикеп и речиси непоправлива загуба за тимот на Ханси Флик, кој е во борба за освојување на трите трофеи и кој освен Полјаците, нема избор на позицијата централен напаѓач.

Претходно, Каталонците беа и без левиот бек Алехандро Балде, кој би можел да се врати до финалето на Купот на Шпанија.

Да додадеме дека полскиот напаѓач сезонава постигна 40 гола на 48 настапи, а на голгетерскиот учинок додаде и три асистенции.