,,Непријатно е да го гледаш, мисли дека е убав” Пејачот го напаѓаат на социјалните мрежи поради ,,фаците” кои ги направи на црвениот тепих! (ВИДЕО)
Дали знаете кој е The Weeknd?
Популарниот пејач кој вреди околу 300 милиони долари беше на премиерата на неговата нова серија The Idol, а на социјалните мрежи се појави видео на кое позира на црвениот тепих. Многумина потоа почнаа да се шегуваат на негова сметка, што набрзо се претвори во потсмев.
„Мисли дека е згоден, срамно е да се гледа“, „Мислеше дека сите ќе почнат да објавуваат видеа од него на TikTok“, „Тој навистина мисли дека луѓето ќе го споделат ова на социјалните мрежи“, „Како ги менува изразите на лицето“ , само дел од коментарите на корисниците на Твитер.
Во Кан беа прикажани првите две епизоди од The Idol, создадени од Сем Левинсон, Абел Тесфаје, попознат како The Weeknd и Реза Фахим. Сепак, критичарите се згрозени од најновата серија на HBO и сите велат дека се граничи со порнографија.