Нереди во Франција: Приведени 994 демонстранти, запалени 1.350 автомобили и 234 објекти изминатата ноќ

– Речиси 1.000 луѓе се приведени изминатата ноќ во нередите во Франција, кои избувнаа откако тинејџер беше убиен од полицаец во вторникот во предградие на главниот град Париз.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени 994 лица. Повредени се 79 полицајци и припадници на жандармеријата.

Запалени се околу 1.350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти. Надлежните регистрирале вкупно 2.560 пожари.

Насилни протести синоќа, четврта ноќ по ред, имаше во Марсеј, Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил.

За справување со нередите биле ангажирани околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.