Убиството го планирал еден месец: Тинејџер (16) избодел девојка (15) затоа што сакала да раскине со него, помладиот брат бил сведок на крвавиот пир (ВИДЕО)

Шест дена пред убиството, во куќата на Лила била повикана полиција бидејќи ја удрил со тупаница по лицето, а два дена пред страшното злосторство бил забележан како се шета по улицата каде што живеела.

16-годишен тинејџер од Колорадо ја убил својата девојка пред очите на нејзиниот брат затоа што сакала да му раскине, соопшти полицијата.

На Џовани Сирио-Кардона ќе му се суди како полнолетен за убиството на 15-годишната Лили Силва-Лопез.

Четири недели пред убиството и’ се заканил дека ќе ја убие доколку се обиде да ја прекине врската со него која траела околу шест месеци.

Пет дена пред роденденот на Лили, Џовани го скршил прозорецот од нејзината соба и насилно влегол внатре. Кога го видела како влегува во собата, Лили почнала да вика и веднаш го повикала својот помал брат кој гледал телевизија во другата соба да трча.

Во следниот момент се слушнале истрели.

Според полицискиот извештај, Џовани испукал неколку куршуми кон Лила во ходникот од нејзината куќа.

Нејзиниот брат во полиција изјавил дека ја видел сестра му како лежи на подот, додека Џовани стоел пред неа со пиштол во рацете.

Кога Џовани го видел, му го зел телефонот

за да не може да повика брза помош. Братот веднаш истрчал кај соседите да повика помош, а Џовани во тој момент ја искористил приликата и побегнал. Полицијата набрзо дошла на местото на настанот, а братот на Лила веднаш го идентификувал убиецот.

Кога стигнал до неговата куќа, бабата го прашала зошто го бараата тој и’ рекол дека „го направил тоа што го ветил – пишува NY Post.

Во текот на истрагата, полицијата дознала дека еден месец претходно Џовани и ставил пиштол во устата на Лили, а потоа и’ кажал дека мора да му каже дека го сака и дека нема да му раскине.

Шест дена пред убиството, во куќата на Лила била повикана полиција бидејќи ја удрил со тупаница по лицето, а два дена пред страшното злосторство бил забележан како се шета по улицата каде што живеела.

Да беше жива Лили, на 21 јуни ќе го прославеше својот 16-ти роденден.