Шест мажи и пет жени загинаа
Поради истекување на гас во фабрика во градот Лудијана, во државата Пенџаб на северот на Индија , загинаа 11 лица, а 11 се хоспитализирани.
Во градот е зголемено присуството на полицијата, која патролира со маски и го предупредува локалното население да се држат настрана од контаминираната област.
Шест мажи и пет жени загинаа, изјави локалниот претставник Свати Тивана, додавајќи дека се утврдува причината за истекувањето на гасот.
Националните сили за одговор при катастрофи распоредија специјализирани тимови за хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна контаминација, со вкупно 35 експерти.