Нетанјаху ги извести САД дека се „противи на идејата за палестинска држава“

– Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека ја известил американската администрација дека е против воспоставувањето на палестинска држава на кој било начин во периодот по нападите на Појасот Газа.

Нетанјаху на конференцијата за новинарите во Тел Авив рече дека нападите на Појасот Газа ќе продолжат сѐ до постигнувањето на „потполната победа против Хамас“.

На прашањето за вестите во американските медиуми дека „администрацијата на Вашингтон прави подготовки за воспоставување на палестинска држава по Нетанјаху“, израелскиот премиер одговори:

„Ден по Нетанјаху. Тоа е ден по мнозинството израелски граѓани. Веќе 30 години доследно зборуваат една работа. Овој судир не е во врска со непостоење на држава, туку за постоењето на една држава“.

Изјавувајќи дека ги отфрлил предлозите за дводржавно решение кое го прифати меѓународната заедница, вклучувајќи ги и Обединетите нации (ОН), и дека тој став ѝ го пренел и на американската администрација, Нетанјаху истакна:

„Премиерот мора да има способност да им каже ‘НЕ’ на пријателите.“

Потенцирајќи дека би прифатил само договор за иднината на Појасот Газа кој на Израел би ѝ овозможил безбедносна контрола над целата енклава, Нетанјаху потврди дека тоа им го кажал и на американските власти.

Нетанјаху истакна дека Израел би требало да ја преземе контролата над целата територија западно од Јордан по завршувањето на нападите во Газа.