Нетанјаху за неговата одговорност за нападот на Хамас: Дали Буш беше прашан за 11 септември?

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно ги отфрли обвинувањата за лична одговорност за неуспесите што доведоа до масакрот на Хамас на 7 октомври, велејќи дека прашањето ќе биде решено по војната.

На прашањето на новинар на Си-Ен-Ен дали тој лично сноси некаква одговорност, тој повлече паралели со настани од минатото.

„Дали луѓето му го поставија тоа прашање на Френклин Рузвелт по Перл Харбор? Дали луѓето го прашаа Џорџ Буш по ненадејниот напад од 11 септември?

Тој додаде дека ќе одговори на сите прашања по војната.

Дел од израелската јавност го обвинува Нетанјаху за пропустите кои доведоа до нападот на Хамас на југот на Израел. Исто така, многумина го обвинуваат дека со својата политика кон Појасот Газа во претходните години придонесе за зајакнување на Хамас.