Нетанјаху: Ова е војна за нашата татковина, или ние или тие!

Тој додаде дека колку се посилни нападите врз Хамас, толку се поголеми шансите за решение и враќање на затворениците
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обрати пред медиумите за прв пат од почетокот на војната на Блискиот Исток на 7 октомври.
Тој изјави дека борбените војници се многу храбри и подготвени да се борат со сите сили против непријателот.

  • Сакаат да се борат против непријателот кој ги напаѓа нашите деца, пријатели, родители. Ние ги охрабруваме, а тие во моментов се во или околу Газа.

Секогаш сме велеле дека никогаш повеќе нема да им дозволиме терор, а „никогаш повеќе не е сега“. Се сретнав и со семејствата на заложниците, нивното киднапирање е злосторство против човештвото. Непријателот нема граници, тие направија воени злосторства, а луѓето ги користат како жив штит. Ако Израел не победи, некој друг ќе биде следен – рече Нетанјаху.

Крајната цел
Тој додаде дека крајната цел на војната е да се обезбеди континуирано постоење на Израел.

  • Ќе се бориме и ќе победиме, ова е војна на доброто против злото. Ова е мисијата на нашите животи. Се молам за мир. Заедно ќе се бориме и ќе победиме – рече премиерот на Израел.

Подготвени за други мисии
Како што изјави министерот за одбрана Јоав Галан, израелската армија го напаѓа Хамас како никогаш досега.

  • Имам целосна доверба во нашата армија. Верувам дека ќе победиме. Не сакаме да ја прошириме војната, но подготвени сме за секоја друга мисија.

Вложуваме максимални напори за да ги вратиме заложниците во Израел. Подготвени сме да направиме се што е потребно за да ги вратиме. Ние сме целосно посветени на ова и знаеме со кого си имаме работа, имено со убијци и луѓе кои силувале жени и јавно објавувале видеа од злосторството – рече Галан.

Тој додаде дека колку се посилни нападите врз Хамас, толку се поголеми шансите за решение и враќање на затворениците.

  • Ова е војна за нашата татковина. Или ние или тие – рече министерот за одбрана.