Нешто ќе те питам бабо, кои “војводи” беа бабо у вас на вечера: Арбен Таравари или Али Ахмети? Како олигархијата и стравот од црната листа го “вмровизираа” лидерот на ДУИ!? (Видео)
Како што сега стојат работите во албанскиот кампус на изборите ќе се оди со три коалиции, со можност двете од трите коалиции да се спојат на почетокот или во некоја фаза од изборниот процес со можност да направат и т.н. европска коалиција со СДСМ. Едната коалиција или т.н. здружена албанска опозиција ја сочинуваат Билал Касами, Изет Меџити, Африм Гаши и Арбен Таравари. Втората ја сочинуваат ДУИ на Али Ахмети и ДПА на Мендух Тачи. Третата би била делот на Алијанса на Албанците на Зијадин Села. Партијата на Аријанит Хоџа и на Скендер Реџепи би коалицирале со ДУИ или со АА.
Ако првата албанска коалиција би одела со свој претседателски кандидат, а тоа сега е Арбен Таравари, тогаш ќе биде голем притисокот врз ДУИ и Ахмети и тие да одат со свој кандидат во првиот круг на претседателските избори. ДУИ последен пат имаше свој претседателски кандидат на изборите 2009 година и тоа беше сегашниот амбасадор Агрон Буџаку. На изборите 2004 година кандидат на ДУИ беше поранешниот началник на ГШ на УЧК, Гзим Острени кој освои повеќе од 130 илјади гласови. На изборите 2014 година ДУИ водеше кампања “Чао Претседателе” и немаше свој кандидат а на изборите 2019 година го поддржа Стево Пендаровски.
Клучна цел на здружената опозиција е да го натераат ДУИ и Ахмети да одат со свој кандидат на претседателските избори и на тој начин да направат пукнатина во таа европска коалиција која со месеци се најавува како готова работа, а секој поминат ден е се подалеку од реализија. Во одредена мерка тоа му одговара на Ахмети кои сака да се дистанцира од СДСМ и да има комотна позиција по изборите да избора со кого ќе оди во коалиција.
Освен Арбен Таравари кој цело време бил во комуникација со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски криејќи се зад фондацијата Конрад Аденауер, останатите лидери на здружената албанска опизиција се блиски или биле блиски на Зоран Заев. Заев беше во коалиција и со Билал Касами и со Африм Гаши, а Изет Меџити беше крилото во ДУИ кое по изборите 2016 година не сакаше да коалицира со ВМРО ДПМНЕ. Тоа ја прави чудна целата сегашна разврска на политичката сцена. Таму со месеци се водат “подземни процеси” кои треба да завршат со преземање на СДСМ ( без СДСМ нема европска коалиција ) и со жигосување на ДУИ во очите на македонските гласачи, односно правење прескапа цената на СДСМ да коалицира со ДУИ.
Одењето на СДСМ, ДУИ и АА сами на изборите би значето поклонување на победата на ВМРО ДПМНЕ на парласментарните избори и драстично намалување на цената на трите партии во постизборните математики. Силна европска коалиција би одела значително над границата од 50 пратеници и спуштање на ВМРО на ниво на политичка гарсоњера. Бидејќи таа здружена европска коалиcија според донтовиот модел значи “земање гласови” од останатите албански партии и нивно префрлање на контото на СДСМ во барем четири изборни едници.
За тоа да не се случи тоа се прави се за да биде растурена во старт таа авропска коалиција. Тоа сега се прави со помош на косовскиот премиер, Албин Курти. Тоа е втор таков обид на замешателство од надвор по операцијата од средината на 90-тите години на минатиот век кога тогашниот албански претседател, Сали Бериша ја растури тогашната ПДП а потоа беше формирана партијата ДПА на Арбен Џафери. Ова е дел од анализата од последната емисија Во Центар која можете да ја погледате на следниот линк: