НЕЈЗИНОТО ИМЕ ЗНАЧИ МИСТЕРИЈА – Бебе во Турција 128 часа било под урнатини: Сега е повторно споена со мајка си (ФОТО)

Бебето и мајката биле поврзани благодарение на ДНК тест

Бебето кое помина 128 часа под урнатините по разорниот земјотрес во Турција е повторно споено со својата мајка, објавија турските медиуми.

Трииполмесечниот Ветин Бегдас лекарите го нарекле Гизем, што на турски значи „Мистерија“.

Бебето беше спасено од урнатините во провинцијата Хатај пред 54 дена, а потоа префрлено во болница во главниот град Анкара.

Министерот за семејство и социјални услуги Дерја Јаник повторно го спои бебето со нејзината мајка Јасемин Бегдас во провинцијата Адана, каде што жената моментално се наоѓа на лекување.

Бебето и мајката биле поврзани благодарение на ДНК тест. Таткото и двајцата браќа на бебето ги загубија животите во земјотресите во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

  • Бебето е навистина чудо. Тоа што преживеа и немаше здравствени проблеми ни ги стопи срцата – рече министерот Јаник и додаде:
  • Гизем сега е наше бебе.

Таа нагласи дека министерството ќе и ја пружи сета потребна поддршка.