Тој најверојатно ќе го пропушти Копа Америка што ќе се одржи во јуни.
На бразилскиот фудбалер Нејмар денеска во Бело Хоризонте му беше извршена операција на зглобот и на менискусот, објавија бразилските медиуми, а процедурата ја извршил познатиот хирург Родриго Ласмар. Операцијата траела четири часа, а Нејмар се очекува подоцна да биде отпуштен од болница.
Нејмар се повреди на 17 октомври на натпреварот помеѓу Бразил и Уругвај во рамките на квалификациите за Светското првенство, а неговото опоравување се очекува да трае помеѓу половина и една година.
Поради ова, Нејмар најверојатно ќе ја пропушти претстојната Копа Америка која во јуни ќе се игра во Соединетите Американски Држави.