НЕЈМАР ВЕЌЕ Е ОПЕРИРАН: Се чека шест до 12 месеци закрепнување

Тој најверојатно ќе го пропушти Копа Америка што ќе се одржи во јуни.

На бразилскиот фудбалер Нејмар денеска во Бело Хоризонте му беше извршена операција на зглобот и на менискусот, објавија бразилските медиуми, а процедурата ја извршил познатиот хирург Родриго Ласмар. Операцијата траела четири часа, а Нејмар се очекува подоцна да биде отпуштен од болница.

Нејмар се повреди на 17 октомври на натпреварот помеѓу Бразил и Уругвај во рамките на квалификациите за Светското првенство, а неговото опоравување се очекува да трае помеѓу половина и една година.

Поради ова, Нејмар најверојатно ќе ја пропушти претстојната Копа Америка која во јуни ќе се игра во Соединетите Американски Држави.