Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар денеска ќе биде опериран во болница во Бело Хоризонте, две недели по тешката повреда на коленото, објави Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ).
„Екипа предводена од Родриго Ласмар, главниот доктор на машката репрезентација на Бразил, ќе биде одговорен за операцијата во болницата „Матер Деи“ во Бело Хоризонте, се прецизира во соопштението на ЦБФ.
Бразилскиот напаѓач на 17 октомври претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти и менискусот на левото колено на дуелот против +6Уругвај (0-2) во Монтевидео во јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2024.
Теренот го напушти во солзи на носилки.
Според најавите, Нејмар ќе отсуствува од теренот околу десет месеци.