Нејмар казнет поради дивоградба !? Фудбалската супер-ѕвезда треба да плати вртоглава сума на пари поради уништување на животната средина во Бразил!
Бразилската фудбалска супер-ѕвезда, Нејмар, е казнет со 16 милиони реали (околу 3,1 милиони евра) поради прекршување на правилата за заштита на животната средина при изградбата на неговата луксузна вила на брегот на југоистокот од неговата родна земја.
При дизајнирање на вила во градот Мангаритиба на југот на сојузната држава Рио де Жанеиро, се прекршени правилата поврзани со користење и проток на извори на свежа вода, сенка и песок.
Од локалното тело задолжено за заштита на животната средина соопштуваат дека биле преземени незаконски интервенции во животната средина со цел да се изгради вештачко езеро во рамките на вилата.