„Не бев на свадбата на мојата најдобра другарка, и душата ме боли поради тоа!” Причината е одвратна, а тоа што се случи потоа е уште полошо (фото)

„Сè уште се чувствувам ужасно поради тоа.

Кој друг се мажи во вторник – така се запрашала Трејси Фоли пред свадбата на нејзината најдобра пријателка – свадба на која не отишла.

А што можеше да ја спречи да присуствува на свадбата на толку убава личност?

Приказната оди вака – венчавката била закажана за вторник, а ден пред тоа, во понеделник, Трејси почнала да работи на ново работно место, пробно. И таа одбила да оди на свадба. Не можела да бара слободен ден.

„Бев многу загрижена поради самата помисла да го прашам шефот во компанијата да ми даде слободен ден. Затоа ја донесов тешката одлука да ја прескокнам свадбата на мојата најдобра пријателка.

„Тоа беше една од најлошите одлуки во мојот живот“, вели Трејси.

A тие двe биле најдобри пријатели засекогаш.

,Секогаш планиравме да бидеме деверуши на свадбите една на друга. Кога таа рече дека се мажи за нејзината средношколска љубов, само неколку месеци по дипломирањето, јас веднаш се согласив да бидам нејзина почесна деверуша. Никогаш не се двоумев околу тоа. Потоа добив нова работа само ден пред нејзината венчавка, која беше во вторник попладне“, вели Трејси, а пренесува YourTango.

Таа во својата исповед истакнува дека не е чудно што луѓето најчесто се мажат за викенди, особено во сабота, бидејќи тогаш повеќето од гостите не работаат и можат да се опуштат.

„А како да побарам од мојот нов работодавец слободен ден кога сè уште не сум работела ниту една цела недела… Поточно, ниту еден цел ден. Во последен момент и’ реков на другарка ми дека нема да присуствувам на венчавката, а потоа друга другарка од средно училиште прифати да биде деверуша“.

Но, како што одминуваше времето, Трејси сè повеќе се каела. Оттогаш тие две повеќе не се најдобри пријатели, поточно веќе воопшто не се дружат, а пријателката во меѓувреме се разведе и….

„Да бидам искрена, секогаш бев малку љубоморна што друга личност беше тука за неа кога се омажи. И сето тоа е моја вина“, рече таа.

Работите да бидат уште полоши, излегува и дека жртвата на Трејси била за ништо.

„Се испостави дека мојата нова работа не е поважна од моето пријателство. Всушност, иако работев таму потоа речиси пет години, ја презирав работата, клиентите и моите соработници повеќе отколку што може да се опише со зборови. Ако побарам слободен ден за свадбата на мојот пријател и би добилс отказ поради тоа, тоа би било благослов“.