Не ви се потребни ни 10 минути за неа: Вкусна торта со бело чоколадо и крем банани, брз десерт од само 6 состојки

Доколку немате идеја што да им послужите на гостите или семејството, тортата од неколку состојки, без печење, е вистинскиот избор.

Десертите кои не се печат се секогаш добар избор за брзо засладување на целото семејство, а единствената маана им е што треба да почекаме да се изладат… Меѓутоа, кога со малку состојки ќе добиете совршенство од вкусови, вреди да чекате!

Доколку сте љубител на бисквити, бело чоколадо и вкусните крем банани, оваа торта дефинитивно ќе ви се допадне.

Секако, уште еден плус е тоа што се подготвува за помалку од 10 минути!

Потребни состојки:

– 300 гр. издробени бисквити
– 700 гр. кисела павлака
– 10 исечкани крем банани
– 3 лажици шеќер во прав
– 200 гр. бело чоколадо
– 100 мл. слатка павлака

Подготовка:

1. Во сад измешајте ги бисквитите, павлаката и крем бананите. Додадете шеќер во прав и добро промешајте за сите состојки да се соединат.

2. Истурете ја смесата во кружен калап и израмнете ја одозгора.

3. На оган растопете го белото чоколадо со слатката павлака. Мешајте додека не се соединат.

4. Смесата во калапот прелијте ја со белото чоколадо.

5. Ставете ја во фрижидер и оставете да се излади.

6. Украсете со овошје по ваш избор, желе или листови бадем. Уживајте!