Не ви треба многу знаење и кујнски алатки, само миксер и малку трпение: Пробајте го рецептот за сочен ролат од сирење и мандарина
Искористете ја сезоната на мандарини и направете убав десерт со ова освежително цитрусно овошје. Ви предлагаме ролат со крем сирење и мандарини.
За подготовка на оваа торта не ви треба многу знаење и кујнски алат – само миксер и малку трпение.
Состојки за пандишпан:
100 гр обично брашно
80 гр кристален шеќер
3 јајца
кора од 1 портокал
сок од половина портокал
Состојки за филот:
150 ml крем за шлаг (33 % mm)
120 гр свежо крем сирење
100 гр шеќер во прав
8 до 10 мандарини
Подготовка:
Направете бисквит: Со помош на миксер изматете ги белките со шеќерот. Додадете ги жолчките и продолжете со мешањето додека не добиете цврста пена.
Додадете ја ренданата кора и сокот од портокал.
Просејте го брашното и додадете го во смесата. Мешајте додека не добиете мазна, еднолична смеса.
Смесата рамномерно распоредете ја на плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете го бисквитот во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 8 минути.
По печењето оставете го бисквитот да се излади на хартијата на која за печење.
Излупете ги мандарините.
Кога пандишпанот ќе се излади, извадете ја хартијата и префрлете ја во чист плех.
Направете го филот за ролатот: изматете го кремот во шлаг и измешајте го со шеќер и крем сирење. Нанесете околу две третини од кремот врз бисквитот и наредете ги мандарините по работ.
Со хартијата свиткајте го ролатот и ставете го во фрижидер да се стегне околу 2 часа. Откако ќе се стврдне, извадете ја хартијата.
Преостанатиот крем ставете го во кеса за пециво со отсечен врв и премачкајте го на површината на ролатот. Украсете го ролатот со дополнителни мандарини пред послужување.