Не ги правете овие 3 грешки со појадокот и конечно ќе ослабете

На порталот PopSugar, Џени Шугар ги опиша своите проблеми со слабеењето и како ги решила и конечно почнала да слабее.

Бидејќи нутриционистите постојано повторуваат дека појадокот го забрзува метаболизмот, не ѝ било јасно зошто не ослабува иако јаде интегрални житарки секое утро, односно практикува здрав појадок .

„Не сфатив дека секое утро за време на појадокот правам дури три грешки . И дури кога престанав да ги правам, ги видов посакуваните промени во моето тело“, откри таа. Еве што научила таа:

Престанав да јадам житарки

Јадев житарки секое утро од основно училиште до крајот на факултет. Ми требаше навистина долго време да сфатам дека тие слатки и вкусни житарки не се добар избор ниту за мене, ниту за некој друг, бидејќи се полни со шеќер, а немаат доволно протеини и растителни влакна.

Дури ни оние што се рекламираат како житарки за фитнес збогатени со растителни влакна. Наместо житарки, решив секое утро за појадок да јадам 13 до 20 грама протеини, најмалку шест грама влакна и 10 до 15 грама здрави масти. Значи, за појадок обично пијам смути или овесна каша (овес без додаден шеќер).

Јадам кога сум гладен, а не кога мислам дека треба

Толку многу пати прочитав дека појадокот е најважниот оброк во денот и слепо ја следев таа максима. Јадев секое утро половина час откако ќе се разбудев, околу 7:30, иако 99 проценти од времето не бев гладна. И потоа околу 10 или 11 часот повторно чувствував силен глад, па често имав два појадоци. Сега прво го правам тренингот, а на работа појадувам околу 9 или 10 часот кога чувствувам глад, а не кога е време за оброк.

Почнав да внимавам на големината на порцијата

Третата грешка што ја направив беше што никогаш не обрнав внимание на големината на порцијата. Кога јадев житарки за појадок, полнев чинија полна со салата или супа. Обично комбинирав два или три вида житарки на кои додавав и јаткасти плодови и бобинки или банана и сето тоа го преливав со соино млеко збогатено со вкус на ванила.

Таквиот појадок имал околу 600 калории. Сега ги мерам состојките што ги ставам во смутијата или овесната каша и се осигурувам дека мојот појадок не надминува 400 калории.