НЕ ДОАЃАЈТЕ ВО БРИТАНИЈА, ЌЕ БИДЕТЕ ДЕПОРТИРАНИ ИЛИ ПРИТВОРЕНИ: Порака до Албанците од Министерството за полиција на Велика Британија
Министерството за полиција на Велика Британија во наредните денови ќе започне кампања со која ќе ги советува албанските граѓани да не мигрираат во Британија.
За таа цел е креиран оглас на албански јазик кој ќе им се појави на албанските корисници на Фејсбук и Инстаграм, а во него Албанците се предупредуваат дека во случај на обид за миграција ќе се соочат со притвор или депортација, објави Би-Би-Си.
Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне следната недела и дека ќе биде многу јасно што ги чека мигрантите кои ќе пристигнат со бродови.
Албанците најмногу аплицираат за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.
Според проценката на британската полиција, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ и многу националности патуваат низ бројни земји за да стигнат до Британија, а потоа кога ќе пристигнат поднесуваат барање за азил по лажни основи.