НЕ Е ТАЈНA: Зеленски вели дека на Украина и треба посилна воздушна одбрана за да ги заштити патиштата за извоз на жито и областите долж РУСКАТА ГРАНИЦА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и треба посилна воздушна одбрана за да ги заштити патиштата за извоз на жито, како и областите што граничат со Русија.

Тој го изјави ова во обраќањето на меѓународниот самит за безбедност на храната „Зрна од Украина“ во Киев .

Володимир Зеленски

– Има дефицит на противвоздушна одбрана, не е тајна – рече Зеленски .

На самитот присуствуваа високи претставници од европските земји, меѓу кои и швајцарскиот претседател Ален Берсет и премиерката на Литванија Ингрида Симоните .