„Не е точно дека јас и Цеца се срамиме да пееме на ромски забави! – Вики Миљковиќ за скандалот на свадбата во центарот на Берлин (фото/видео)
Вечерва во Белград се отвори еден од најмодерните ноќни клубови, а тоа беше можност да се појават голем број јавни личности од светот на шоу бизнисот.
Еден од присутните гости беше и пејачкат Вики Миљковиќ.
– Велат дека имало некаква забрана, дека не сте сакале да ве снимаат новинарските екипи на ромската свадба – гласеше прашањето на еден од новинарите кон Вики.
– Не, тоа воопшто не е точно. Едноставно, за да се емитува настап или концерт, мора да има некаква дозвола. Мора да има соодветен тон во тоа како се пренесува, а тоа беше пренесено во грд контекст. Јас и Цеца коментиравме на одредена емисија каде се емитуваа други ромски веселби, како во грд контекст пренесуваат впечатоци од пејачите и од самите луѓе од свадбата. Пред сè, тие се многу фини и културни луѓе – изјави Вики.
-Ми пречи што на смешен начин претставија сè. Јас ги делам луѓето на добри и лоши, исто како што ја делам музиката на добрa и лошa. Тоа први ќе ви го кажат моите кандидати од „Ѕвездите на Гранд“ – додаде Миљковиќ.
Покрај Вики, на црвениот тепих беа и директорот на „Ѕвездите на Гранд“ Саша Поповиќ, неговата сопруга Сузана Јовановиќ и членот на жирито Ѓорѓе Давид.