,,Не знам што ѝ направиле на Данка” – Потресни зборови на дедото на убиеното девојче: Да го најдеме нејзиното тело, да имам каде да запалам свеќа за неа…

Четири дена трае потрагата по телото на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бањско поле кај Бор, сите надлежни екипи на МВР пребаруваат локации во Борскиот регион за кои има некакви сомнежи, индиции или трага дека телото на девојчето може да се најде.

Дедото на девојчето рекол дека сите му изразуваат сочувство, но дека сe уште не може да поверува што се случува.

-Тешко ни е, денот кога слушнавме дека ги фатиле убијците и дека всушност се работи за убиство, сите се уништивме. Сите завршивме на лекар. Не знам како, иако чудовиштата признаа, живеам во надеж. Сè додека телото не биде пронајдено, има некаква трошка надеж, искра, дека таа е жива. Детето не е игла, мора да се најде, дали некој дел од облеката, или нешто друго ако го направиле. Вака, дека не можат ништо да најдат, дека овие чудовишта ги тераат од едно место до друго… Ужас – изјавил дедото на Данка.

Тој изјавил дека многу се плаши од тоа што убијците и’ го направиле на Данка, откако ‘ го одзеле животот кој штотуку започнал.

– Не ги познавам тие луѓе, никогаш не сум ги видел. Не ми е јасно дали е можно овие нелуѓе да го направиле тоа. Нема такво нешто на земјата, јас не сум паметен. Барем да ја оставиле кога ја удирале, или што и да е, основно е кога ќе се случи такво нешто, несреќа, сторителот да помогне. Ако не се во можност, повикајте помош, викајте. Никогаш немаше да ги обвинам ако ситуацијата беше таква да ја удират и итно да ја однесат во болница, но вака… Не посакувам зло на никого, па ни на нивните семејства, но ова нема смисла. Бог си ја врши работата како што треба. Мислев дека сум најсилниот, дека можам да го носам семејството, но почнав и јас да се распаѓам – изјави тој.

Тој додаде дека тие како семејство се надеваат дека ќе го пронајдат телото на Данка за да можат правилно да ја погребаат.

– Да има нејзино место каде што ќе може да и’ запалиме свеќа, да знаеме каде почива. Денот кога исчезна беше последен пат кога ја видов. Со жена ми отидовме да ги чуваме Данка и нејзиниот брат, додека мајка и’ отиде во општината да заврши нешто. Инаку, сопругата често ги чувала и се навикнале на неа. Некогаш кога ќе нè видат децата трчаа прво кај баба, но тој ден Данка истрча да го гушне дедото. Јас всушност во тој момент и реков на жена ми: „Ау, ќе падне снег. Неверојатно ми е“… Си игравме, се шегувавме и кога ќе се сетам на сето тоа, само ми е потешко. Не се чувствувам добро кога ја гледам нејзината слика на интернет и на телевизија, солзите сами течат и само се прашувам дали е можно… – низ солзи рекол дедото.

На крајот посочува дека е благодарен на сите луѓе, на полицијата и на МВР што постојано прават напори да ги расветлат сите околности.

-Немам зборови да им се заблагодарам на сите луѓе кои помогнаа, полицајците даваат 1000 проценти од силите. Повеќе не гледам телевизија бидејќи не можам да ја поднесам количината на лаги и измислици. Ми пречи и тоа што некои медиумски личности излегоа со теории на заговор против моите деца, неверојатно е колку тие страдаа. Исто така некои таканаречени детективи кои се појавуваат на телевизија и велат дека син ми е должен, дека е коцкар, дека сум алкохоличар…. Тој човек не нè ни познава. Страшно е колку луѓето се подготвени да искористат таков тежок случај – заклучи тој.