НЕ ИЗДРЖА – ТАГА ВО ТУРЦИЈА! Малата Азра (4) која беше извлечена од урнатините, почина ВО БОЛНИЦА: Од семејството преживеа само ТАТКОТО (ФОТО)
Четиригодишното девојче по име Азра Дуру Малац, кое беше извлечено од урнатините во Хатај, почина во болница.
Имено, веста за нејзината смрт ја потврдиле членовите на спасувачката екипа кои ја извлекле од под урнатините.
Азра и нејзиното семејство беа заробени под урнатините откако зградата во која живееја се урна по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.
Азра веднаш по извлекувањето од урнатините била пренесена во локалната болница, но и покрај напорите на лекарите таа за жал починала на 8 февруари, пишува „Хуриет“.
Како причина за смртта се наведуваат тешките повреди, внатрешно крварење, а познато е дека имала скршеница на левата рака и десната нога.
Медиумите подоцна објавија дека нејзината мајка Фатма починала од повредите, додека нејзиниот татко Мехмет преживеал.