„НЕ ИМ РАЃАЈТЕ ДЕЦА НА МАЖИ КОИ СЕ ШВОРЦ“ Шокната изјава на сопругата на милионер крена бура: Ја сподели листата со подароци што ги бара

Богатиот мексикански претприемач и милионер Рики Андраде и неговата сопруга Линда Андраде го очекуваат своето прво дете, а таа сега објави видео на Инстаграм кое изненади многумина.

„Јас сум бремена, па очигледно ми требаат подароци. Значи, ајде да пазариме. Треба да престанете да имате деца со сиромашни мажи, бидејќи кога велам „подароци“, мислам на автомобил или куќа… Исто така, сакам Биркин чанта, но онаа од крокодилска кожа.Сакам три коли – Ламборџини Урус, Г Вагон и Ролс Ројс. Мажот нека ми обезбеди две од трите коли и јас ќе бидам среќна едноставно.Шопингот со мојот сопруг е многу забавен затоа што тој никогаш не ја гледа цената.Буквално не би го имала ова бебе ако не добијам подароци.Но, веќе знаете дека ќе го разгалам моето бебе. Многу сум возбудена што станав мајка“, рече таа.

„Нема бебиња со мажи кои се шворц“, додаде таа во описот на видеото.

Линда неодамна објави емотивно видео од забавата за откривање на полот на бебето. На почетокот на видеото таа и нејзиниот сопруг се бакнуваат на јахта, а потоа почнуваат да сечат златна торта на која пишува „принц или принцеза?“

Откако сечеле парче од тортата, виделе дека внатрешноста на тортата е розова и на тој начин откриле дека ќе добијат ќерка.

„Едвај чекам да ја запознаам нашата принцеза“, рекла Линда, а следбениците им честитале во коментарите.