„СРАМ ДА ТИ Е, БЕЗОБРАЗНА СИ“ Мадона доби ТУЖБА од обожавателите, нејзиното дрско ОДНЕСУВАЊЕ предизвика гнев, не можам да и простам за ова

Пејачката Мадона се најде во центарот на медиумското внимание откако нејзините обожаватели ја тужеа. Имено, фановите Мајкл Фелоус и Џонатан Хејден ја обвинија дека и предизвикала непријатности по неколкучасовното одложување на нејзиниот настап, кој се одржа на 13 декември во Њујорк, пренесува The Independent.

Според информациите содржани во судските документи, пејачката на сцената излегла во 22 часот и 45 минути, иако концертот бил закажан за 20 часот и 30 минути. Бидејќи концертот завршуваше во 1 часот по полноќ, фановите добија опција за „ограничен јавен превоз“ или „повисоки трошоци за јавен и приватен превоз“.

Мадона

Дополнително, Мајкл и Џонатан тврдат дека тоа ја загрозило нивната способност да ги извршуваат семејните обврски следниот ден, предизвикувајќи „разочарување, вознемирување, потрошено време, фрустрација и гнев“, се наведува во тужбата. Фелоус и Хејден, исто така, го тужеа промоторот на концертот Live Nation и Barclays Center за лажно рекламирање, несовесно претставување и нефер и измамнички трговски практики.

Ова не е прв пат Мадона да биде тужена од обожавателите поради доцнењето, а тужбите поднесени во 2019 и 2020 година беа доброволно отфрлени. Во ноември 2019 година, за време на настап во живо, пејачката се осврна на негативните коментари, што дополнително ги разбесни фановите.

„Има нешто што сите треба да го разберете. А тоа е дека кралицата никогаш не доцни “, рече таа.

„Ти си платена да бидеш на време, јас никогаш не сум и нема да одам на твојот концерт“, „Не вредиш да те чекам толку долго“, „Ова е безобразно, срам да ти е“, „Ти не си кралица, туку нарцисоидна дива“, се само дел од коментарите под објавата.