Руските пратеници го усвоија Закон за отповикување на ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарни тестови

– Руските законодавци денес го усвоија Закон за отповикување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови од 1996 година.

Долниот дом на Парламентот, руската државна Дума, на пленарна седница во Москва гласаше за повлекување на ратификацијата на Договорот.

Со документот, доставен до државната Дума на 13 октомври, се укинува член 1 од Законот за ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, со што се откажува ратификацијата.

За да стапи на сила, Законот треба да биде одобрен од Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата, во три читања, а потоа да го потпише претседателот Владимир Путин.

Промената, направена на повик на Путин, ја става Русија на еднакво ниво со САД, кои го потпишаа, но никогаш не го ратификуваа Договорот од 1996 година, кој Русија го ратификуваше во 2000 година.

Промената се случи во време на зголемени тензии со САД, особено во врска со украинскиот конфликт што наскоро ќе влезе во својот 20-ти месец.