Европскиот бренд пред историски колапс? Електричните автомобили од Кина се продаваат сè повеќе и повеќе, никој не може да ја запре оваа инвазија (фото)

Кинеските електрични автомобили се сè поприсутни на европскиот пазар, а доколку продолжи ваквиот тренд на раст на продажбата, тоа може сериозно да ги загрози големите европски производители и нивните планови со електрични возила.

Европа е особено интересна за кинеските производители на електрични возила (ЕВ) поради ниските увозни царини од 10 отсто, додека во САД тие изнесуваат 27,5 отсто, изјави независниот аналитичар Матијас Шмит, пренесува АП.

Покрај тоа, Европа е вториот најголем пазар на батерии за електрични возила во светот по Кина.

Kупувачите на автомобили во Европа кои се борат со зголемените трошоци за живот се воодушевени што електричните возила во Кина се и достапни и стилски дизајнирани. Тие не се грижат за геополитиката и не се загрижени за заканата за локалната автомобилска индустрија.

– Европа, извини. Кина има подобра понуда – изјави еден задоволен сопственик на кинески ЕВ од Копенхаген.

Уделот на кинеските производители на автомобили на западноевропскиот пазар е само три отсто, но тие имаат удел од 8,4 отсто на пазарот на ЕВ, додава аналитичарот Шмит. Овој удел лани беше 6,2 отсто, а во 2019 година беше практично нула.

Кинеските компании продаваат околу 9,2 милиони возила годишно на европскиот пазар, но брзо го освојуваат помалиот пазар на ЕВ.

Ова зголемување предизвикува загриженост за тоа дали европската автомобилска индустрија, концентрирана првенствено во Германија и Франција, ќе остане конкурентна за време на транзицијата од фосилни горива на електрична енергија.