Започнато гласањето за избор на претседател и 28. состав на парламентот на Република Туркије

Над 60,7 милион гласачи ќе гласаат во Туркије. Во странство се регистрирани 3,4 милиони гласачи. Околу 4,9 милиони лица ќе гласаат за првпат

Започна гласањето за избор на претседател и 28. состав на парламентот на Република Туркије.

Над 60,7 милион лица ќе гласаат во Туркије. Во странство се регистрирани 3,4 милиони гласачи. Околу 4,9 милиони лица во земјата ќе гласаат за првпат.

Поставени се вкупно 191.884 гласачки кутии ширум земјата, а гласачите своето право на глас ќе го остварат во периодот од 08:00 до 17:00 часот по локално време.

Секој избирач ќе гласа за претседател и за избор на пратеници во парламентот, кои ќе имаат 5-годишен мандат.

Гласачите ќе избираат меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган, актуелниот претседател на Туркије, главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу и кандидатот Синан Оган.

Мухарем Инџе, еден од четирите регистрирани кандидати за претседател, се повлече од трката во четвртокот, но според изборната комисија во Туркије, и покрај неговото повлекување „во последен момент“, гласовите дадени за него ќе бидат прифатени како валидни во согласност со член 12 од законот бр. 6271.

И покрај неговото повлекување од претседателската трка, неговата „Партија Родина“ останува во трката за места во парламентот кој брои 600 пратеници.

На изборите ќе се натпреваруваат 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.