МЕСИ НЕ ДОЖИВEAЛ ВАКВО ПОНИЖУВАЊЕ ВО КАРИЕРАТА: Навивачите на ПСЖ не можат да го смислат познатиот Аргентинец! Му приредија невиден ПЕКОЛ

ПСЖ го декласираше Ајачио со 5:0 (2:0) на „Паркот на принцовите“ и го испрати во Лига 2, а натпреварот го одбележа враќањето на Лионел Меси на теренот по суспензијата што ја изрече клубот.

На изненадување на многумина, Меси се најде во стартниот тим по големата врева што се случи поради нелегално патување во Саудиска Арабија.

Иако Аргентинецот испрати јавно извинување за својата постапка , навивачите не му простија, а синоќа на стадионот во Париз му упатија понижување кое не го доживеал во кариерата.

Тој беше гласно исвиркан на воведот, но и подоцна во играта секогаш кога ја имаше топката. Тие јасно му ставија до знаење дека не е посакуван во клубот и покрај тоа што е најголемата ѕвезда што некогаш го носела дресот на ПСЖ.

Интересна беше реакцијата на Меси за пеколот што му го приредија навивачите. Додека го навредуваа и го исвиркаа, тој не ја тргаше насмевката од лицето.