Љупчо Палевски – Палчо доби привремен наследник во „Десна“

Новиот В.Д претседател на политичката партија „Десна“, Тони Алексовски, се обрати на новоформираната фејсбук-страна и побара да се пронајдат вистинските убијци на Вања и Панче наместо основачот Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за двократно убиство со умисла.

Функциите на осомничените се замрзнати, но од партијата убијците не ги гледаат во сопартијците, туку повикуваат да се најдат како што велат тие вистинските убијци на Вања и Панче.

„Нагласувам дека Десна од институциите во системот бара во најбрз можен рок да го расчисти случајот односно да ги откријат вистинските виновници за знаснување на животите на Панче и Вања и истите да бидат најстрого казнети за грозоморните злодела.“, изјави Алексовски.

Тој рече дека течат подготовките за претседателските избори и парламентарните избори, а најави и активно учество на партијата во седмата изборна единица.