ШОКАНТНО ВИДЕО ОД АВТОБУС НА АВТОПАТ! Сите може да загинат, а луѓето ги интересира само една работа

Видеото од социјалните мрежи предизвика гнев и неверување.

Конечно дојде топлото време и луѓето сега се борат да се разладат.

Особено е тешко да се биде во возило во летните месеци, а најлошо е за оние кои возат автобуси.

Кога автобусите имаат клима, работата е поднослива. Но, во случај да нема клима или да не работи, патниците и возачите мака мачат да се разладат, барем малку .

Еден од најлогичните начини е да отворите прозорец.

Сепак, видеото кое се појави на социјалните мрежи и кое брзо стана вирално покажува дека и со ова може да се претера.

На ова видео, кое го снимил еден учесник во сообраќајот, можете да видите автобус полн со патници без стакло на прозорците.

Односно, само на едниот прозорец има стакло, додека низ отворите на другите се треперат завеси.

Дури и во задниот дел, каде што треба да биде задното стакло, има отворен простор.

За работите да бидат пострашни, целата оваа сцена се одвива на автопат.

Прашање е како овој автобус воопшто можеше да се вклучи во сообраќајот (како и зошто не беше исклучен). Затоа што ова пред се е опасно за сите патници во автобусот, но и за сите други учесници во сообраќајот.

Во коментарите што ги оставија корисниците на социјалната мрежа може да се забележи шок и гнев од ваквото непромислено однесување.

Милицијата е на одмор или стана кусогледа? – се обиде да се пошегува еден.