,,Аркан беше мртов, а во куќата дојде неговата прва жена” – Калезиќ е сведок на тоа бурно време, откри што кажала Наталија за Цеца (фото)

Денеска се навршува една година од смртта на пејачот Зоран Калезиќ, кој почина на 74-годишна возраст по тешко боледување.

Калезиќ беше погребан на гробиштата во Даниловград, а на погребот присуствуваа бројни почитувачи на неговото големо дело, а погребот го служеа свештеници на црногорската и приморската митрополија. За жал, неговиот син Филип, кој живее во Америка, не стигна на погребот на неговиот татко.

Неговите безвременски хитови ќе живеат вечно.

Зоран Калезиќ

Зоран водел многу турбулентен живот и имал голем број пријатели од естрадата, но и од ,,жешкиот” асфалт. Така, во една прилика раскажал што се случувало во куќата на Жељко Ражнатовиќ Аркан кога бил убиен.

„Кога беше убиен Аркан, Наталија (првата сопруга на Аркан), нивните деца, мојата сопруга Вера и јас од нашата куќа заминавме во домот на Жељко. Мајка ми изгуби два сина, двајца од моите браќа. Знам колку е тешко. Се сеќавам на солзите на Славка, мајката на Аркан“, изјави Калезиќ за Мондо .

Тој вели дека бил присутен во нивните животи како уметник, но, никогаш не бил дел од криминалните дела кои ги правел Аркан.

„Да имав направено нешто валкано, некој веќе ќе напишеше нешто. Но, не се срамам да кажам дека го познавам и дека ме почитуваше – ме нарече витез“, изјави тогаш Калезиќ.

„Кога влегов кај Аркан, мајка му плачеше. Се качив кај неа и ја бакнав. А на Балканот, секогаш се случува некој да е со Цеца, а некој со Наталија. Тоа се некои од нашите балкански приказни кои не се потребни во тие моменти. Наталија беше елегантна кога рече: ,,Не и’ кажувај ништо за тоа, сè и’ простено од мене”. Аркан ја сакаше оваа жена. Вакво нешто можеше да каже само чесна жена како Наталија во моментот кога починал таткото на нејзините деца“, рече Калезиќ.

Зоран Калезиќ

Кум на Зоран Калезиќ беше великанот на народната музика Тома Здравковиќ. Пејачот често зборувал за својот кум кога дознал дека боледува од страшна болест и поточно рак на белите дробови, а многумина велеа дека вака ја предвидел својата смрт.

„Сега полека тргнав на пат кај мојот кум Тома. Ќе се сретнеме наскоро, но дотогаш имам уште нешто. Го чекам концертот во House of Syndicate за да ги слушнам уште еднаш нотите кои ме враќаат во едно поубаво време.Треба уште еднаш да ги видам тие луѓе во публиката. Кога кумот Тома си заминуваше ми рече: „Не дозволувај таму да жалат по мене. Кога ќе ме спомнат, кажи нешто убаво за мене”. Каква чест е тоа. Каква обврска. Тогаш се збогував со Тома, тогаш сфатив дека си оди човек кој сака да замине, повеќе не го сака овој земен живот и принципите што му ги даваат докторите.Не смеел да пуши и да пие алкохол. Жал ми е што нема повеќе луѓе како Тома, Шабан…Не треба да се сожалуваат затоа што тие се бесмртни.Сè додека музиката трае, тие не се мртви- рекол пејачоот низ солзи.