ТЕНКОВИ на НАТО, Оклопни возила… Украинскиот министер за одбрана најавува: Дури сега ќе видите

– Ослободувањето на група села под руска окупација во последните недели „не е главниот настан“ во планираниот напад на Киев – изјави за „Фајненшл тајмс“ Олексеј Резников, министер за одбрана на Украина.

„Кога тоа ќе се случи, сите ќе видат… Сите ќе видат сè “, рече тој за ФТ во интервјуто објавено, отфрлајќи ги медиумските извештаи за бавниот украински напредување против добро зацврстените руски позиции.

Украина тврди дека ослободила 130 квадратни километри територија
Главните резерви на украинските војници, вклучително и повеќето бригади неодамна обучени на Запад и опремени со современи тенкови и оклопни возила на НАТО, допрва треба да се користат во операцијата , рече Резников.

Украинската армија кон крајот на минатата недела објави дека ослободила вкупно 130 квадратни километри територија окупирана од Русија во јужна Украина, откако започна контраофанзива пред околу три недели и објави мали успеси на источниот фронт.