Не можела да дочека сопругот да ѝ умре и го молела Бога да си замине пред неа: По неговата смрт доживеала шок, тоа никому не би го посакала
Несреќна жена живеела со децении во несреќен брак и трпела тортура, мислела дека конечно ќе се одмори кога нејзиниот сопруг ќе умре, но тогаш лекарот и рекол нешто неочекувано.
Тереза има 79 години, пензионирана вдовица која се молела на Бога нејзиниот сопруг да умре пред неа. Имено, таа живеела долги пет децении во брак кој не би го посакала ни на својот најголем непријател, а мирот го нашла дури кога нејзиниот сопруг починал пред четири години.
Брачниот пар се запознал кога таа имала само 16 години: „Тој беше мојата прва љубов, се омажив за него на 25 години. Беше пристоен син на занаетчија, барем јас така го гледав. Но, и тогаш моите родители, како и моите пријатели, дискретно ме предупредија дека ќе бидам незадоволна од него. Сепак, јас си го направив своето“.
Своето вистинско лице го покажал дури откако таа го родила своето прво дете: „Дури кога се породив сфатив колку е посесивен, себичен и нарцисоиден. И голем безделник! Се обидов да го сокријам тоа од другите, но не успеав. Се трудев да ги сокријам нашите проблеми од децата. Живеевме главно од мојата просечна плата, а тој менуваше автомобили и купуваше скапа облека“.
Се обидела да се разведе: „Тој ќе ми кажеше дека попрво ќе ме убие наместо да се разведе. Кога имав 40 години, татко ми почина и тогаш се преселивме кај мајка ми, која имаше голем стан. Потоа стана уште полош, се однесуваше како вистински психопат“.
„Набргу откако стигнавме кај неа, мама доби енцефалитис, едвај успеа да излезе жива, но повеќе не беше независна. Ја хранев 13 години. Во последните неколку години од нејзината болест, и самата се чувствував многу лошо, но тоа го припишував на исцрпеноста. Мажот речиси секој ден почна да доаѓа дома пијан. Бев скршена, добив предвремена пензија што беше сè освен одмор. За среќа, децата кои рано заминаа од дома, ми помогнаа со мајка ми и беа голема поддршка во сето тоа“.
И тогаш, пред четири години, во истата година починаа нејзината мајка и нејзиниот сопруг: „Кога останав сама и без обврски, отидов на лекар. Моите дијагнози беа: Паркинсонова, ревматски артритис, рак на матка, хипертензија, хипертироидизам. Уште ми останаа гастроентеролог и пулмолог бидејќи имам некои формации. Без разлика на моите дијагнози, се чувствувам смирено и жалам што не бев похрабра и не се разведов и покрај заканите“.
„Во овие четири години, и покрај терапијата и болката, опуштена сум. Затоа, драги жени, не дозволувајте да бидете малтретирани. Го молев Бог да ми даде барем еден месец живот без мојот сопруг и добив четири мирни години. Повеќе не размислувам за крајот на животот, иако крајот можеби е близу“.