„Не може нам нико ништа, јачи смо од Србије“ – Еве како Мило Ѓукановиќ ја славеше победата на изборите (Видео)

Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ е снимен како се радува со песна во која ја исмева Србија!

На видео кое кружи на социјалните мрежи, Ѓукановиќ се гледа како во ноќен клуб ја слави победата на Демократската партија на социјалистите додека гостите пеат против Србија.

– Не може нам нико ништа, јачи смо од Србија, можат само да нас мрзе – се слуша на снимката.

Да потсетиме, Демократската партија на социјалистите победи на неделните локјални избори во главниот град на Црна Гора.