Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на ЛОИ во Париз, откако во четвртфиналната пресметка славеше во драматичен меч против Гркот Стефанос Циципас со 6-3 и 7-6 (3).
Првиот сет српскиот тенисер го доби без многу проблеми со 6-3. А, потоа вистинска драма се случуваше во вториот сет.
Уште низ првите гемови Ѓоковиќ проклиза на теренот повредувајќи го оперираното колено поради кое паузираше два месеци, па сето тоа го искористи Циципас поведувајќи во вториот сет со 0-4.
Имаше Гркот и водство од 3-5 и 0-40 со три сет топки во деветтиот гем, но залудно…. Ѓоковиќ како феникс успеа да се врати во игра и го аналураше недостатокот од два брејк-гема, па стигна до тај-брејк. А, во тај-брејкот славеше со 7-3 за место во полуфиналето. Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со Италијанецот Лоренцо Мусети.