Не верувајте во се што ќе ви кажат во спалната соба!
Сите лажеме. Некои, се разбира, посериозно и почесто од другите, но има цела низа причини зошто некој кажува лаги. Некои луѓе кријат длабоки, мрачни тајни, други не сакаат да повредат ничии чувства, а на некои едноставно им е забавно и возбудливо. Има и такви кои не знаат како да се отворат пред другите бидејќи од искуствата од минатото научиле дека секогаш завршуваат повредени. Во секој случај, луѓето лажат од различни причини, а на личноста која е лажена зависи дали лагата била нешто што може да се прости или не. DirecTv побара од 2.000 испитаници да признаат некои лаги што ги кажале во животот и да ја оценат сериозноста на тие лаги на скала од еден до пет. Интересно е што првите четири лаги на листата биле поврзани со секс.
Ова се четирите најчести лаги кои луѓето ги кажуваат пред секс, според претходно споменатото истражување.
- Јас сум на пилули
На скала од 1 до 5, оваа лага доби оценка од 4,52 како најтешка лага. Луѓето веројатно не треба да лажат за тоа, освен ако секако не сакаат да им се случи несакана бременост.
- Не барам само секс
Според испитаниците, оваа лага, која добила оценка 3,56, не е толку тешка како првата, но дефинитивно може да резултира со длабоко страдање и скршено срце.
- Спиев со Х луѓе
Чудно е што оваа лага не е повисоко на листата (има оценка од 3,46) имајќи предвид дека ризикот од заразување со СПБ сам треба да биде причина за загриженост.
- Ти си првата личност со која го направив ова
На скалата оваа лага е оценета со 3,23, а оваа лага можеби е една од оние лаги кои се кажуваат за да не повредат некого. Или да им дадете чувство дека се посебни и да им ја зајакнете самодовербата. Без оглед на причината, нејзиното рангирање сугерира дека веројатно не треба да лажете дали тоа е вашиот прв секс или не.
Истражувањето покажало и дека луѓето најмногу ги лажат своите колеги на работа, потоа семејството, а потоа и пријателите. Ова е логично затоа што ако некој соработник ви испрати порака на вашиот слободен ден дека е зафатен и ве замоли да дојдете да му помогнете, веројатно ќе измислите изговор зошто не можете да го направите тоа. И запомнете колку пати сте ги излажале вашите пријатели за тоа колку е прекрасно момчето со кое излегуваат или мајка ви за тоа како испекувала одлична торта иако едвај може да се јаде.
Но, тука има добри вести. А тоа е дека само 10,78 испитаници рекле дека ги лажеле своите брачни партнери, а само 8,71 од нив невенчаните. А што се однесува до тоа кој најмногу лаже, паровите можат да се опуштат. Имено, се покажа дека сингловите најмногу лажат!