Не подгревајте ги остатоците од новогодишните прослави! Експертите предупредуваат на грешка која е опасна по здравјето

Ако храната е само делумно загреана, под прагот од 63 °C, тоа може да доведе до брзо зголемување на бројот на бактерии.

Експертите ги предупредија луѓето со чувствителни црева да не ја загреваат преостанатата храна , поради потенцијално сериозни здравствени ризици.

Не само што загревањето на веќе зготвената храна го зголемува ризикот од труење, туку може да предизвика и ослабувачки дигестивни симптоми, особено кај оние кои се склони кон надуеност.

– Може да очекувате симптоми како надуеност, гасови, па дури и болка  – изјави британската диететичарка Џози Портер.

Таа објасни дека храната што останува по новогодишната прослава има висока содржина на јаглехидрати, како што се компири, лиснато тесто наполнето со разни меса, додатоци, грашок, тестенини и ориз.

– Ако конзумираме отпорен скроб во големи количини, тоа може да предизвика некои цревни симптоми бидејќи ферментира во нашето дебело црево –  објасни таа.

Како правилно да ја загреете храната

Диететичарот Кери Ракстон го опиша влијанието на отпорниот скроб врз цревата на луѓето како „непредвидливо“.

– Некои луѓе, на пример оние со синдром на нервозно дебело црево, откриваат дека отпорниот скроб предизвикува болна надуеност и гасови што ги влошуваат нивните симптоми –  изјави таа за  MailOnline .

Експертите предупредуваат да не се загрева повторно остатокот од храната или барем да се внимава како го правите тоа. Остатоците од новогодишните прослави може да бидат ризични за труење со храна, главно поради неправилно складирање и подгревање на остатоците.

Агенцијата за стандарди за храна (FSA), регулатор за безбедност на храна во Велика Британија, рече дека треба да ги консумирате правилно изладените остатоци, оние што се чуваат во фрижидер два часа по готвењето. Ако морате повторно да го загреете оброкот, тој треба да биде на висока температура.

Така избегнувате поволни услови за размножување на бактерии кои би можеле да предизвикаат труење со храна. Повеќето бактерии не можат да се репродуцираат на ниски температури, па затоа се убиваат кога температурата на храната ќе надмине 63 °C.

Ако храната е само делумно загреана, над 8 °C, но под прагот од 63 °C, тоа може да доведе до брзо зголемување на бројот на потенцијално опасни бактерии за краток временски период. Ова ги зголемува шансите за труење со храна, што вклучува инфекции како салмонела и кампилобактерија.