“НЕ САКАЛ ДА СИ ГО НАРУШИ УГЛЕДОТ“ – Започна судењето на Себастијан Курц: Поранешниот канцелар на Австрија давал лажни изјави !?

Во средата пред покраинскиот суд во Виена започна судскиот процес против поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц и неколку негови поранешни соработници поради обвинувања дека при распитот среде т.н. аферата „Ибица“ давал лажни изјави.

Обвинителството покренува обвиненија против мене две години и убеден сум дека ќе се докаже дека се лажни“, им рекол Себастијан Курц (Народна партија на АвстријаÖVP) на собраните новинари пред судењето.

Тој му замери на специјалното државно правобранителство кое се бори против корупцијата дека секогаш ги толкува настаните на негова штета.

Државното правобранителство задолжено за економски криминал ги обвинува Себастијан Курц и неговите соработници, поранешната потпретседателка на ÖVPБетина Глац-Кремснер и поранешниот прв човек на канцеларијата на Себастијан КурцБернхард Бонели, дека за време на распитот пред парламентарната комисија која се занимава со т.н. со аферата „Ибица“ дале лажни изјави.

Себастијан Курц сакаше да спречи оштетување на неговиот углед и на угледот на неговата партија со минимизирање на неговата улога во настаните кои во јавноста се познати како афера ‘Ибица’“, изјавил високиот јавен обвинител Грегор Адамовиќ.

Тој вели дека собраниската комисија за испитување на т.н аферата „Ибица“ не е суд, но дека давањето лажно сведочење пред ова тело има тежина и поради одлуките што ги носи оваа комисија.

слика
Себастијан Курц

За време на аферата „Ибица“, излезе на виделина дека Партијата на слободата на Австрија, тогаш коалиционен партнер во Владата на канцеларот Себастијан Курц, им понудила на странските инвеститори, кои се покажаа како лажни, политичко влијание. Во замена за партиски донации за внуката на наводен руски олигарх, Партијата на слободата на Австрија ветила дека ќе преземе сопственички акции во австриските медиуми, како и услуги на јавни тендери.

По избивањето на аферата, претседателот на Партијата на слободата на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе поднесе оставка, а неговата партија ја напушти Владата, по што Себастијан Курц, кој цело време ја уверуваше јавноста дека ÖVP не е вмешана во оваа афера, распиша нови избори.

Себастијан Курц победи на предвремените избори во 2019 година, но поради обвинувањата дека влијаел на манипулациите со предизборните анкети во корист на неговата партија, тој поднесе оставка од функцијата претседател и канцелар на ÖVP во 2021 година.